СЗО: Дваесет илјади случаи на ебола до ноември

Од:

Над 20 илјади лица ќе бидат заразени со вирусот на ебола до почетокот на ноември, доколку не бидат зајакнати мерките за контрола на епидемијата во западна Африка, предупреди денска Светската здравствена организација во истражувањето објавено во списанието „Њу Ингланд Џурнал оф Медисин“.

Прогнозираниот број на заболени е трикратно поголем од сегашниот, околу 5.800 лица, кои се инфицирани од ебола во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Според најновите податоци на СЗО, објавени вчера, над 2.800 лица починле од ебола во запдна Африка од почетокот на годината.

– Доколку многу брзо не ја запреме епидемијата, тоа веќе нема да биде несреќа, туку катастрофа, изјави на прес-конференција во Женева д-р Кристофер Дај, директор за стратешки прашања во СЗО.

Тој нагласи дека актуелната епидемија, најтешката во историјата на оваа хеморагична треска, регистрирана во 1976 година, е слична на други епидемии, кои погодиле други африкански земји изминатите години, како Демократска Република Конго и Судан.

– Она што сега е поинаку не се карактеристиките на вирусот, туку карактеристиките на погоденото население, посочи тој, нагласувајќи го како фактор за заразувањето големата мобилност на населението.

Брзото ширење на епидемијата се појаснува и со спората реакција против еболата на почетокот на епидемијата и лошата состојба на системите за здравствена заштита во трите најпогодени држави, додаде експертот.

За разлика од тие земји, заразата останува ограничена во Нигерија, која има подобар систем на здравствена заштита.

СЗО истакна дека лековите и вакцините против еболата се во експертиментална фаза и оти нема да бидат на располагање во доволна количина уште неколку месеци и затоа нема да играат улога во сегашната битка против болеста.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа