„Самсунг“ го претстави „Галакси Мега 2“ фаблет со шест инчен ХД екран со резолуција од 1280х720 пиксели.
Новиот „Галакси Мега 2“ е наследник на „Галакси Мега 5.8“ и „Галакси Мега 6.3“ фаблетите.
„Мега 2“ има четиријадрен процесор со брзина од 1,5 гигахерци, РАМ меморија од 1,5 гигабајти и 16 гигабајти вградена меморија што може да се зголеми со микроСД картичка. Уредот има две камери, една од 2,1 мегапиксели на предниот и 8 мегапиксели на задниот дел со ЛЕД блиц и поддршка за снимање видео записи со 1080п квалитет.
Новиот фаблет на „Самсунг“ има батерија од 2.800 мили ампер часа и работи на најновиот Андроид 4.4.2 Кит Кат оперативен систем.