Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо на натпреварот со Ла Коруња го постигна својот 20 хет-трик во Примера.
Со ова остварување, Португалецот го помина Лионел Меси на вечната листа на фудбалери кои постигнале по три голови на ист натпревар.
Следен предизвик за Роналдо е достигнувањето на легендата на Реал Алфредо ди Стефано кој заедно со Телмо Зара на 22 натпревара постигнале хет-трик.
Реал Мадрид вчера во 4.коло од Шпанското фудбалско првенство ја победи Ла Коруња со 8:2.