Франција и понатаму ќе може да зема кредити по ниска цена

Од:

Агенција Мудис ја задржа оценката Аа1 за Франција, иако не ја исклучи перспективата за полоша оценка во иднина, јави дописникот на МИА од Париз.

Како резултат на оваа оценка е довербата на инвеститорите во платежната моќ на Франција и покрај сериозната економска криза, а кредитите на десет години оваа земја ги позајмува со камата од 1,4 отсто.

Оценката Аа1 е зачувана наспроти сите прогнози, а за да ја оправда оваа висока оценка Мудис вели дека тоа е одраз на напорите и ангажирањата на француската Влада во областа на економската политика, како и политиката на штедење.

Оваа оценка ја охрабрува француската Влада, која се соочува со натамошен раст на невработеноста, речиси економска стагнација и дефлација, да издржи во својата политика која предвидува меѓу другото заштеди од 50 милијарди евра.

Министерот за економија Емануел Макрон веднаш реагираше на оваа вест, која според него „ја обврзува Владата“ и „ја зајакнува потребата да се продолжи со продлабочување на структуралните реформи за да се подигнат блокадите кои денес ја хендикепираат Франција“.

Од своја страна министерот за финансии Мишел Сапан оцени дека „оваа одлука ја одразува кохерентноста на економската стратегија на Владата: со спорведување на Пактот за одговорност и солидарност и реформите за да може да се најде покомпетитивна економија.“

Засега француските политичари остануваат воздржани од секој триумфализам по зачуваната висока оценка, бидејќи агенцијата укажува и на ризиците, кои ги носи започнатата реформа, односно можностите таа да биде забавена или прекината.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски