Нови судири во источниот дел на Украина

Од:

Седум лица загинаа, а осуммина се повредени во најновите судири во источниот дел на Украина, пред денешните преговори по договореното примирје меѓу Владата и проруските сепаратисти.

Портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко истакна дека двајца војници се убиени, а тројца се повредени во последните 24 часа, додека шестмина се водат како исчезнати.

При артилериски напади во градовите Доњецк и Макеевка загинале тројца цивили, а други тројца се повредени, тврдат локалните власти.

Едно лице е убиено синоќа во артилериски напад во северна населба на Доњецк, каде борбите околу аеродромот, кој е под контрола на украинските сили, ги зафатија и соседните населени места.

Лисенко изјави дека сепаратистите го прекршиле примирјето откако нападнале позиции на владините сили на најмалку 17 места во последните 24 часа.

И покрај насилството се очекува вечерва претставници на властите во Киев и на бунтовниците да се сретнат повторно на преговори во белорускиот главен град Минск.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје