Капитенот на Челзи Џон Тери разочаран по исходот од дуелот со Шалке рече дека не победиле поради тоа што не ги слушале советите од нивниот тренер.
– По релативно доброто прво полувреме, Мурињо ни укажа на нашата инертност во финишот и ни потенцира дека не го исполнуваме договореното. Тоа на крајот не чинеше губење на два бода и затоа сме многу разочарани, истакна Тери и додаде дека заморот си го направил своето.
Челзи на синоќешната средба во Лондон одигра 1:1 со Шалке. Германците до бод иако губеа по првото полувреме.