Европскиот шампион Реал Мадрид со убедлив триумф ја почна одбраната на титулата во фудбалската Лига на шампиони. Синоќа на домашен терен „кралскиот клуб“ го победи Базел со 5:1, додека на вториот натпревар одигран во рамките на Б групата Ливерпул со многу напори го победи Лудогорец со 2:1.
Свое деби во новиот клуб во Лигата на шампионите имаше и македонскиот интерационалец во Галатасарај Горан Пандев. Тој беше стартер и на теренот мина 57 минути.
Резултати на синоќешните натпревари од 1.коло во Лигата на шампионите:
А група: Јувентус – Малме 2:0 и Олимпијакос – Атлетико Мадрид 3:2.
Б група: Реал Мадрид – Базел 5:1 и Ливерпул – Лудогорец 2:1.
Ц група: Бенфика – Зенит 0:2 и Монако – Баер Леверкузен 1:0.
Д група: Борусија Дотрмунд – Арсенал 2:0 и Галатасарај – Андерлехт 1:1.
Вечерва се играат другите осум натпревари каде настап се очекува да има и македонскиот репрезентативец во дресот на Марибор Агим Ибраими. Во Марибор ќе гостува португалскиот тим Спортинг.