Шампионот на Буграија Лудогорец беше на чекор од големо изненадување во Лигата на шампионите.
На гостувањето кај Ливерпул на Енфилд Лудогорец беше совлада со 2:1, но головите беа постигнати во последните минути.
Лудогорец преку Безјак кон средината на вториот дел го погоди дирекот, а
Ливерпул поведе со голот на Марио балотели во 82. минута. Лудогорец изедначи во првата минута од судиското надополнување преку Абало.
Во следната минута голманот на Лудогорец по лошото додавање на соиграчот направи пенал, а сигурен реализатор беше капитенот Стивен Џерард.
За Ливерпул ова беше 100-та победа во еврокуповите.
Нашиот интернационалец Горан Пандев беше стартер во дресот на Галатасарај, а одигра 57 минути.
Резултати на вечерашните натпревари:
А група:
Јувентус – Малме 2:0
(Тевез 59, 90)
Олимпијакос – Атлетико Мадрид 3:2
(Масуаку 13, Афелај 31, Митроглу 73 – Манџукиќ 38, Гризман 86)
Б група:
Реал Мадрид – Базел 5:1
(Сучи 14 (автогол), Бејл 30, Роналдо 31, Хамез 37, Бензема 79 – Гонзалез 38)
Ливерпул – Лудогорец 2:1
(Балотели 82, Џерард 90+3 – Абало 90+1)
Ц група:
Бенфика – Зенит 0:2
(Хулк 5, Витцел 22)
Монако – Баер Л. 1:0
(Мутињо 61)
Д група:
Борусија Дотрмунд – Арсенал 2:0
(Имобиле 45, Обамејанг 48)
Галатасарај – Андерлехт 1:1
(Јилмаз 90+1 – Прает 52)
Утре се играат натпреварите во другите четири групи.