ДЗС: Хидролошката состојба стабилна, нема опасност од поплави од поголеми размери

Од:

Хидролошката состојба во Македонија е стабилна и засега нема опасност од поплави, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.

Обилните дождови што ги донесе циклонот „Талија“ во изминатите денови не предизвикале поголема материјална штета, освен во општина Чашка каде на барање на градоначалникот е испратена механизација и наскоро се очекува санирање на штетите.

– Висината на котите на хидроакумулациите и езерата е на нормално ниво, а во нормала е и нивото на реките, посочи Салиу на прес-конференција.

Тој додаде дека ДЗС е максимално подготвена за евентуални поплави од поголеми размери и оти се преземаат низа превентивни мерки. Апелираше и локалните самоуправи да ги преземат потребните превентивни активности што се во нивна надлежност.

– Максимално е подигната мобилната подготвеност на сите вработени во централата на Дирекцијата за заштита и спасување и во подрачните единици, извршена е проверка на тимовите и опремата за заштита и спасување, како и проверка на градежната механизација во фирмите со кои ДЗС има склучено договори, истакна Салиу.

Според прогнозите на Светската здравствена организација, од 2030 до 2050 година се очекува секоја година од природни катастрофи да починат околу 250 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски