Мекдад: Во коалицијата против Исламска држава се и оние кои ги создадоа ваквите групи

Од:

Сирискиот заменик министер за надворешни работи,Фејсал Мекдад изјави дека новосоздадената коалиција за борба против Исламска држава и тероризмот на Блискиот Исток,содржи погрешни решенија,затоа што во неа се наоѓаат и „оние кои ги создадоа групите каква што е ИД“.

Во разговор за Би-Би-Си,Мекдад ги споменува Катар,Саудиска Арабија и Турција,но вели дека има и други земји од регионот кои ги подржуваат припадниците на ИД и нивното дејствување во регионот. Не е првпат,овие три земји да се посочуваат како „виновници“ за силниот и брз развој на ИД,прво во сириската граѓанска војна,како дел од бунтовничките сили кои се борат да го соборат претседателот Башар ал Асад,а потоа и во Ирак,каде многу брзо успеаја да преземат контрола врз североисточниот дел од оваа земја,потиснувајќи ја ирачката армија и освојувајќи го и градот Мосул.

Катар,Саудиска Арабија и Турција ги отфрлаат ваквите обвинувања,што изминатите месеци се појавуваат во дел од западните и посебно во американските медиуми,но Би-Би-Си во разговорот со Мекдад посочува дека Доха и Ријад ги финансираат и префрлаат оружје за сунитските бунтовнички групи од кои некои се дел од движењето што сега се нарекува Исламска држава.

Би-Би-Си забележува дека властите во Анкара им дозволуваат на сунитските бунтовници,вклучувајжи ги и џихадистите во мрежата на Ал Каеда и во групата ИД, да минуваат преку територијата на Турција за да влезат во Сирија и да се вклучат во борбите.

Според сирискиот заменик министер,грешка во планот на САД и на американскиот претседател Барак Обама е тоа што во него нема место за Сирија.

– Токму Сирија од почетокот војува со тероризмот на Блискиот Исток и постојано укажува на неговото дејствување како во сириската ситуација,така и пошироко,па затоа Дамаск мора да биде дел од секоја серизона и вистинска битка против тероризмот во регионот, вели Мекдад.

Тој инсистира дека доколку навистина се сака да се совлада тероризмот и да се уништи ИД,во меѓународната коалиција,покрај Сирија,мора да се вклучат и Русија и Иран. Промовирајќи го минатата недела планот за борба со ИД,американскиот претседател Барак Обама изјави дека освен бомбардирањето на позициите на оваа џихадистичка група во Ирак,тој „нема да се двоуми“ да нареди напади од воздух и на нивните позиции во Сирија.

Американскиот државен секретар Џон Кери подоцна појасни дека при тоа, САД нема да контактираат со властите во Дамаск,а нема да бараат ниту согласност од сириската влада за воздушните напади,како што тоа се прави во случајот со Ирак. Официјална Москва остро го осуди таквиот план на САД,а Иран предупреди дека „самоволното„ бомбардирање на сириската територија ќе предизвика „катастрофа„ на Блискиот Исток.

Сирискиот заменик министер Фејсал Мекдад,во разговорот за Би-Би-Си, вели дека таквите акции против Сирија,ќе се толкуваат како „акт на војна што ќе го запали регионот“, но не прецизираше како на тоа ќе реагираат Сиријците.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС