Многу настани кои се забележани во светската историја, се случајност. Постојат детали за кои малку знаеме, а кои имале влијание врз настаните кои ги одбележале важните моменти за човештвото. Ова се некои од нив.
Работата на Ли Харви Освалд
Еден месец пред убиството на американскиот претседател Џон Кенеди, неговиот атентатор Ли Харви Освалд, добил работа во книжарница во Тексас. Освалд подоцна го искористил своето работно место, како покритие за извршување на еден од најголемите претседателски атентати во историјата. Тоа најверојатно влијаело на понатамошниот тек на настанот.
Едвин Бут го спасил Линколн
Пред смртта на Абрахам Линколн, неговиот син Роберт, бил на патување и поминувал покрај Њу Џерси. Додека чекал воз, паднал на шините, а возот веќе се приближувал. За среќа младиот Линколн се извлекол на време, бидејќи му помогнал театарскиот актер Едвин Бут, братот на Џон Виликс Бут, атентаторот на претседателот Линколн.
Почетокот на Првата Светска војна
Првата Светска војна започнала откако Гаврило Принцип, членот на тајната организација „Млада Босна“, го извршил атентатот на австроунгарскиот престолонаследник Гаврило Принцип и неговата сопруга Софија. На кобниот ден Принцип заминал во блиското кафуле, без намера да го изврши атентатот. Кога излегувал од кафулето го здогледал автомобилот на престолонаследникот како свртува, бидејќи возачот залутал и погрешно свртел. Постои претпоставка дека доколку не биле на погрешниот пат, можеби немало да се случи Првата Светска војна.
Автомобилот на Џејмс Дин
Американската актерска легенда, Џејмс Дин загина во 1955 година во страшна сообраќајана несреќа, додека го возел спортски авотмобил на Порше, кој наредните години предизвика уште неколку несреќи.
По несреќата, автомобилот е однесен во гаража, каде што моторот се откачил и паднал врз нозете на еден механичар.
Подоцна еден лекар одлучил да го откупи моторот и да го стави на својот автомобил за трка. Но во тек на натпреварот тој го изгубил животот.
Некои луѓе мислеле дека е добра идеја да се состави автомобилот на Дин, но во моментот кога започнале со реализација, работилницата се запалила и изгорела до темел.
Автомобилот бил изложен и во еден салон во Сакраменто, каде што паднал дел од конструкцијата и му скршил колк на еден тинејџер. Во 1959 година, возилото мистериозно се распаднало на 11 делови.
Халеевата комета и Марк Твен
Марк Твен е роден во 1835 година, кога се појавила Халеевата комета, а починал во 1910 година, на истиот ден кога таа повторно се појавила.
-Дојдов со Халеевата комета во 1835 година, очекувам и да си заминам со неа во годината кога повторно ќе се појави – рекол Твен во 1909 година, само година дена пред нејзината повторна појава.
Титан наспроти Титаник
Морган Робертсон, неколку години пред Титаник да заврши на дното на Атлантскиот океан ја напишал книгата „Залудност“. Во неа опишал брод кој личи на Титаник, а чие шти име е Титан. Титан наводно бил водоотпорен, но приказната сепак завршува несреќно, со удирање на бродот во леден брег, поради што загинуваат голем број патници. Интересно е што несреќата на Титаник се случила во истиот месец кога и несреќата во книгата.
21-ден во месецот
Кралот Луј XVI, кој владеел за време на Француската револуција како момче, добил предупредување од својот астролог да внимава на секој 21-ви ден во месецот. Предвидувањето му влеало страв и тој никогаш ништо не работел на тој ден.
Сепак Француската револуција го принудила да се одрекне од таа навика. На 21 јуни 1791 година е уапсен во тек на обид да побегне од државата, заедно со својата сопруга. На 21-ви септември истата година во Франција е укинато кралството, а на 21 јануари 1793 година бил убиен на Гиљотина.
Ендру Џексон и расипан пиштол
Ричард Лоренс во 1835 година се обидел да го убие претседателот Ендру Џексон. Кај себе имал два пиштоли, но кога се обидел да го употреби првиот тој не го испалил куршумот. По борбата со Џексон, го зел другиот пиштол, но и тој бил расипан. Подоцна полицијата ги тестирала и двата пиштоли и утврдила дека се во исправна состојба.
Тамерланова клетва на Сталин
Тамерлан бил воен заповедник во Азија во XVI век. Историјата го помни по неговите воени стратегии поради кои загинале 17 милиони луѓе.
Сталин во 1941 година наредил тим на археолози да ја откопаат гробницата на Тамерлан, која што се наоѓа во денешен Узбекистан. Кога го отвориле ковчегот забележале порака „Кој ќе ја отвори мојата гробница, ќе има поголеми непријатели од мене“. Само неколку часа по отворање на гробницата Германија ја нападнала Русија.
Сталин во 1942 година наредил остатоците на Темерлан да се вратат таму каде што биле со сите ритуали за погреб, а набргу по тоа, германската војска се предала кај Сталинград, што било голема пресвртница во Втората Светска војна.
Е. Г.