Ирачкиот претседател Фуад Масум изјави дека не е неопходно Обединетите Арапски Емирати. Египет и Саудиска Арабија да се приклучат кон воздушните напади против екстремистичката група Исламска држава.
Во изјава за американски медиуми, тој изрази жалење бидејќи Иран не бил повикан на конференцијата на 26 држави во Париз посветена на борбата против Исламска држава.
Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека неколку арапски држави понудиле да учествуваат во воздушните напади против таа екстремистичка група.