Македонски претставници на подиумот на „Балкан Маратон Рели 2014“

Од:

Кристијан Пастори од Италија, натпреварувач во категоријата мотори М2 е севкупен  победник на јубилејното петто издание на меѓународниот оф роуд натпревар „Балкан Маратон Рели 2014“ што стартуваше од плоштадот во Самоков, Бугарија, а финишираше на брегот од Охридското Езеро.

Тој ја освои големата награда – бесплатно учество на Africa Eco Race, релито кое ќе стартува во декември годинава и и ќе поминува низ оригиналната траса на Дакар релито.

На релито по прв пат на победничкиот подиум се искачија и македонски претставници и тоа во катероријата УТВ/АТВ. Како прв заврши Димитрије Јовановиќ, пред двоецот Александар Кочевски – Жарко Трајчевски од МК Александар Скопје.

Во категоријата теренски возила – адвенчр, исто така, победија македонските екипажи: Чупаркоски / Грчески, пред Костески / Спиркоски и Најдоски / Трајчевски.

Најдобар во категоријата теренски возила е бугарскиот екипаж Калинков – Бонева, пред сонародниците Захариев – Арабаџиев и австријците Ехемозер – Шифер.

Во категоријата на мотори М1 победи Димитар Боевски од Бугарија, пред Хено Ван Бергеијк од Холандија и Паул Ван Миделар од Белгија. Во М2 најдобар беше победникот во генералниот пласман за мотори, Кристијан Пастори пред Мартин Фонтен од Белгија и Франк Готенбоер од Холандија.

Натпреварот се организираше во партнерство со општина Охрид и Општина Самоков, а главни организатори беа оф роуд клубот 4х4 Адвенчр од Бугарија и Мото клубот Александар од Македонија.

На стартот се појавија над 80 учесници од Холандија, Белгија, Италија, Австрија, Србија, Грција, Бугарија и Македонија, а најдобрите изминаа траса од повеќе од 2.000 километри. На натпреварот зема учество и легендарниот Жан Луи Шлесер, двократниот победник на Дакар релито кој стартуваше со прототип Хјундаи Санта Фе Т1.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна