Два дена по пуштањето во употреба на новоизградената катна гаража „Солунски конгрес“, граѓаните се уште ги паркираат автомобилите долж кејот на Вардар, во непосредна близина на „Македонска пошта“.
Првата автоматизирана катна гаража „Солунски конгрес“ која е сместена помеѓу МЕПСО и објектот на „Македонска пошта“ беше отворена за денот на независноста на Македонија 8. Сепмтември.
Гаражата располага со капацитет од 280 паркинг места, распоредени на девет ката.
Цената за паркирање првиот час изнесува 40 денари, за вториот – 30 денари, а секој нареден час по 20 денари.
Изградбата на „Солунски конгрес“ чини 5.5 милиони евра.
Петар Клинчарски