Случајно или намерно пред Врховниот суд е поставен споменик на Андон Ќосето, за многумина непознат, официјално бил македонски револуционер, а сепак познат е како Касапот.
Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. X. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО.
Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета.
Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа во 1901 година на мисионерката Мис Стон, како и во Илинденското востание во 1903 г. Потоа бил војвода во Гевгелиско, инспектор на четите, делегат на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ (1905) и доброволец во Македонско-одринското ополчение (1912–1913), по што живеел во Горна Џумаја. Секоја наредба на ВМРО ја извршувал без поговор.
Таму каде што ќе загустеле работите на теренот, каде требало да се расчистат сметките со тие што му создавале проблеми на народот го испраќале Ќосето. Секоја наредба на ВМРО ја извршувал без поговор.
Убивал Турци, гркомани, србомани и предавници на организацијата Бил и меѓу комитите што ја држеле во заложништво Мис Стон и тој лично ја оставил во Струмичко откако бил платен откупот. Починал во длабока старост на 99 години во Благоевград. Немал никакво образование. Велат за 100-те години живот убил околу 100 луѓе.