Зад објектот на МЕПСО во центарот на Скопје денеска ќе биде пуштена во употреба катна гаража „Солунски конгрес“.
Новиот објект со паркинг места за 280 автомобили зафаќа над 8 илјади квадратни метри и висина од 29 метри.
Во катната гаража АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор инвестираше 5,8 милиони евра.
Проектант на гаражата е „ГМС-проект“ од Скопје, а изведувач на градежните активности е „Гранит“ од Скопје.