Како и оди на Исламската држава откако прогласи калифат

Од:

Ова беа многу зафатени два месеци за Исламската држава (ИД), неславната сунитска муслиманска екстремистичка група која операира во Сирија и во Ирак. На 29 јуни во предвечерјето на заземањето на Мозул, вториот град по големин во Ирак, тиа прогласија калифат со тврдењето дека зборуваат од името на 1,6 милијарда муслимани во светот. Потоа тргнаа во поход кон Багдад, каде е седиштето на владата во која доминираат шиити. На почетокот на август, ИД тргна кон север кон автономниот регион и градовите на ирачките малцински курди, и напаѓаа христијани, језиди и ним блиски сунити, и се закануваа дека ќе стигнат до Ербил, главниот град на курдите. Тоа го натера американскиот претседател Барака Обама да авторизира воздушни наади против групата, кои започнаа на 8 август. Во меѓувреме во соседна Сирија, ИД исто така се ширеше кон запад.

Исламската држава, која претходно беше позната како Исламска држава во Ирак и поширока Сирија (Левант), или Исис и Идил, израсна од осатоците на Исламската држава во Ирак, бруталната група која напаѓаше коалицијски сили предводени од американците по инвазијата во 2003 година. До 2011 година, кога американците се повлекоа, групата беше ослабена од Сахва – сунитска група која плаќаше тие да се борат за неа – и почна да врши атентати врз нивните лидери. Но останатите војници продолжија да изнудуваат пари во Мозул и продолжија со нападите во Ирак. Вакуумот кој се создаде со сирјската граѓанска војна од 2011 наваму, беше нивна голем шанса и им овоможи на преживеаните борци да се прегурпираат и да регрутираат нови членоцви од сите страни на светот. Со седиште во Рака, во источна Сирија, и со ракетирањата на Мозул, тие надмоќно пораснаа. Благодарение на дезинтергираните сунити во Ирак кои беа вољни да се здружат со ИД (откако беа исклучени од владата во Багдад) и нестабилните ирачки безбедносни сили кои бегаат соочени со нападите, ИД која сега брои десетици илјади борци, меѓу кои има и многу странски борци, успеа да отцепи големи територии во Ирак.

Па како и оди на ИД денес? Иако бруталната идеологија на ИД е отфрлена од повеќето муслимани кои ги гледаат како криминалци, од јуни наваму се повеќе борци се собираат околу групата – околу шест илјади само во Сирија, според некои проценки. ИД освои нафтени полиња и уште оружје (меѓу кои има и американско во Ирак). Иако американските воздушни напади ги натера да се повлечат во северните области од планината Сињар и од браната Мозул, најголемата во Ирак, Барак Обама јасно укажа дека не планира да ја искорени оваа група. За да се искорени ИД, ирачките сунити мора да се свртат против нив. Во Сирија нема речиси никакви симпатии за акциите на ИД. Иако режимот на Башар ал Асад во Сирија на почетокот почна да врши напади против групата, сиријските бунтовници кои се бореа заедно со ИД од јануари наваму открија дека немаат многу совпаѓање со нив. На 24 август, ИД ја зазедоа воздушната база Табака од режимот, по една недела опсада на клучното бунтовнчко село во близина на Алепо.

Џихадистичките групи нормално стремат да се покажат лоши при владеење, да ја губат подршката од цивилното население, и да продолжуваат со неуспеси во нивните амбициозни цели, како што се создавање на држави. Но порастот на исламистичката екстремистичка идеологија и многуте ваккуми во Арапскиот свет, им овозможуваат на овие групи да преживеат и барем самите да се одржуваат. Меѓу нив се и јеменската Ал Каеда на Арапскиот Полуостров и џихадистите во Мали. Западните службени претставници ја дефинираат ИД како силна и пософистицирана отколку претходно спомнатите, и дека претставуваат според некои проценки, поголема закана со кој се соочува регионот уште по нападите од 9/11. Граѓанската војна во Сирија нема изглед набрзо да заврши. Ирак осанува во хаос. Па затоа и според најдобрите сценарија, ИД по се изгледа ќе биде активна и во годините кои доаѓаат. А тоа не е проблем само за Сирија, Ирак и за нивните соседи. Со илјаднити борци од целиот свет кои можат да се вратат дома како радикализирани бунтовници, многу земји се во ризик.

Економист – Лондон

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС