Планинарскиот клуб „Кораб“ по 23-ти пат ја организира меѓународната планинарска акција „Искачување на Голем Кораб“ по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Врвот Голем Кораб е висок 2.754 метри, а патеката на искачувањето е долга 18.160 метри во две насоки. На патеката, која е маркирана и обезбедена од водачи на ЗПК „Кораб“, има пунктови за помош и превенција. Стартната позиција е на висина од 1.280 метри надморска височина.
Вторпат на планинарската акција ќе и се приклучи и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ под мотото „До врвот, за подобар живот“.