Традиционално искачување на „Живот со предизвици“ на Голем Кораб

Од:

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“  и оваа година, по повод празникот 8-ми Септември, го постави знамето на највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб.

Како што соопштија од Здружението, оваа активност се одржува за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести и нивните семејства во секојдневниот живот.

– Благодарни сме на сите што нѐ поддржале до сега и ја продолжуваме соработката и понатаму. Се надеваме дека ќе придонесеме како здружение за иднината за луѓето со ретки болести да биде иднина која ја посакуваат, се вели во соопштението.

Информираат дека преку Програмата за ретки болести при Министерство за Здравство, веќе се пристигнати лекови за регистрираните пациенти со ретки болести како Болест на Вилсон, Болест на Гоше, Тирозинемија, Јувенилен Артритис, Хередитарен Ангиоедем, Туберозна Склероза, Фенилкетоннурија, Хантингтон, АЛС – Лу Герик Синдром, Недостаток на Фактор 13, Пулмонална Хипертензија. Велат дека се очекува со дополнување на регистарот да се набавуваат и нови лекови за други пациенти.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска