Полицијата и планинарите на средби за побезбедно планинарење

Од:

СВР Тетово ја одржа првата од неколкуте најавени средби со раководствата на планинарските друштва од полошкиот регион со превентивно-едукативна цел.

Средбите се дел од планираните активности во пресрет на започнувањето на поинтензивната планинарска сезона.

На првата средба со раководствата на планинарските друштва „Бистра“ и „Шари“, претставниците од Отсекот за превенција на СВР Тетово поблиску ги запознаа со насоките за безбедно планинарење и за тоа, што и како треба да направат пред да ги реализираат нивните активности.

– На средбата беше објаснето дека е пожелно однапред да ги пријавуваат планинарските тури и точните локации каде планираат да се движат, застануваат или преноќуваат. Ова, посебно кога турите се изведуваат во есенски или зимски услови и кога планинарите, домашни или странски, недоволно го познаваат теренот за движење. Зашто, на тој начин ќе се придонесе побрзо да се лоцираат при евентуални проблематични ситуации по нивната лична и заедничка безбедност, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски посочува дека овие укажувањана планинарите од Полог се во насока на намалување на заталкувањата на поединци-планинари или љубители на разните екстремни спортови, какви што неретко се случуваа минатата и оваа година.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење