Блесок, црвен тепих, ножици и пресечена црвена лента, раскош. Не мина ни една недела од снимките за пуштањето на новата зграда на Министерството за финансии и на виделина излезе сето она што беше покриено.
Пуштањето беше наменско и поради избрзаноста сега повторно се ставени скелиња, мајсторите редат коцки, а минувачите зачудено прашуваат дали нешто во меѓувреме се расипало или воопшто и небило направено.
Сликата направена 2 часа пред свеченото пуштање покажува дека се било набрзина прикрпено за да може да се покаже уште една голема победа на градителството.
И ова не е прв пат и само на овој објект. На површина многу брзо излегува лошиот квалитет на многу зданија. Театарот е опкружен со вреќи песок затоа што се полни со вода, за изградба на неколку објекти и ѕидови се користел евтин стиропор место соодветен материјал.
По снимките на А1он за рѓосување на позлатената милионска ограда на мостот, експресно се реагираше и повторно се „позлати“.
На задната страна на свечено пуштената катна гаража спроти ГТЦ се уште има градежни скелиња.
Градиме ли објекти или Потемкинови села?
Т.Ц.