Можности за пласман на земјоделски производи во Русија

Од:

Стопанската комора на Македонија и Македонско – руската стопанска комора денеска ќе информираат за состојбите и можностите за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација.

Според експертите, Македонија нема многу да се офајди од ембаргото што го воведе Русија кон САД и ЕУ бидејќи рускиот пазар е огромен, а нашето производство не е доволно големо. Во однос на квалитетот ќе немаме проблем и од овој аспект пласманот е сигурен.

Македонија се уште нема договор за слободна трговија со Русија, но неколку години преговара за бесцарински извоз на одредени производи. Во моментов плаќаме 16 отсто царина за извоз во Русија, што значително влијае врз цената на нашите производи на тамошниот пазар.

Земјоделците во отворањето поголем простор на рускиот пазар гледаат можност да се решат од пазарните вишоци. Извозните компании, пак, кои се занимаваат со производство на храна веќе размислуваат да отворат фабрики или погони во соседните држави кои имаат слободни трговски договори со Русија за да може полесно да ги пласираат своите производи на рускиот пазар. Други ја разгледуваат опцијата за здружување со српски партнери за, преку нив, без царина да го испратат производството во Русија.

Годишниот извоз на македонски земјоделски производи на рускиот пазар е 200 до 300 илјади тони.

Трговската размена меѓу Македонија и Русија во првата половина од годинава изнесува 74 милиони долари. На извозот отпаѓаат 13 милиони долари, а на увозот скоро 61 милион долари. Истиот период лани размената била 140 милиони долари. Во текот на целата 2013 година извозот достигнал 31,5 милиони евра, додека увозот 163,5 милиони долари.

Во структурата на извозот најмногу се застапени прехранбените производи (вклучително зеленчук и овошје), лекови за малопродажба и феросилициум. Од овошјето и зеленчукот најмногу се извезуваат кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, зелка и сличен зеленчук. Во увозното салдо најголемо учество имаат нафтените масла и природниот гас. 

Русија воведе едногодишна забрана за увоз на храна од ЕУ и САД како одговор на европските санкции поради случувањата во Украина.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски