НСДП: Падна „ОНАА“ Македонија на Груевски и Ахмети

Од:

„Вчерашната брутална тепачка во Собранието на РМ помеѓу пратениците на формалниот коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и неформалниот коалиционен партнер на Никола Груевски ДПА, е резултат на погубнинте политики на власта за апсолутно владеење, злоупотреба на државните ресурси и контрола на се во државата. Лагите триковите и блеферските потези на Груевски пукнаа во Собранието на РМ.

Жестоката физичка пресметка токму на темата буџет и трошење на народните пари е директна последица на пазарењата на Груевски со Ахмети и Мендух Тачи за ветените, а неиспорачани тендерски зделки, како против услуга за подршка на фалсификатот за претседателските и предвремените парламентарни избори.Повторно Македонија заради моќ влијанија и „КЕШ“ е фрлена на маргините на европската демократија.Груевски и Ахмети, заслепени од желбата  да останат на власт и да ја зголемат сопствената моќ , а Мендух Тачи заради негови интереси беше принуден да молчи, свено ги туркаа Македонците и Албанците во постојан конфликт и меѓуетнички тензии.Како последица на националистичката и шовинистичка реторика на власта во предизборната кампања и многу сличната на ДПА, гореше Скопје, гореше Горче Петров, за на крај за жал,да се случи и крвав мегуалбански судир во Парламентот на РМ.

Вчера паднаа маските,падна онаа Македонија на Груевски, земи кредит задолжија нацијата, подели ги тендерите со ДУИ, фрли му коска на Мендух Тачи и обвинија опозицијата за се што се случува во државата.

Вчерачните настани во Собранието на РМ само ја потврдуваат исправноста на одлуката на опозицијата за враќањето на пратеничките мандати. Ќе останеме цврсти и доследни на нашите барања и нема да дозволиме никаков обид за манипулација на опозицијата, како што тоа се случи со договорот за црниот понеделник 24 декември, кој што иако беше потпишан со медијаторство на ЕУ, Груевски и ВМРО ДПМНЕ го прогласија за тоалет хартија“, се вели во соопштението на Нова социјалдемократска партија-НСДП.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина

Катерина Ѓуровски

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

ДУИ: Се заменуваат членови Албанци во разни комисии со македонски претставници

Горан Наумовски

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат користени како алатки во сценарија напишани од македонските партии

Вреди: Лагите на Ахмети не поминуваат ниту кај пратениците на „Европскиот фронт“

Предраг Петровиќ