ФЗОМ: Здравствените услуги подобрени, пациентите помалку чекаат

Од:

Се зголемува ефикасноста на здравствените услуги и стручноста на лекарските тимови, а листите на чекање и престојот на пациентите во болниците се намалуваат, покажува годишниот извештај за хоспитално лекуваните лица во Македонија.

Според извештајот кој опфаќа 59 здравствени установи од кои пет приватни, сложеноста на хируршките и интернистичките зафати расте.

– Минатата година се лекувале вкупно 223.439 лица што е 13.300 повеќе од 2012-та. Ова значи дека листите на чекање се намалуваат и во пракса, повеќе пациенти добиле здравствена услуга. Најмногу или половина од вкупно третираните се во скопскиот регион, додека во однос на болниците, клинички и општи, предничи ГОБ „8-ми Септмеври“ каде се лекувани 10.643 лица, соопшти денеска портпаролот на Фондот за здравствено осигурување Бранко Аџигогов.

Општите болници лани речиси немале хируршки интервенции освен три,  ГОБ „8-ми Септмеври“ каде 50 отсто од здравствените услуги се хируршки, Општата болница Прилеп скоро 29 и Општа болница Струга – 24 проценти, посочи Аџигогов.

Од сите хируршки лекувани пациенти, пак, 62 отсто биле во Скопје.

Минатата година исто како и во 2012-та, најзастапени здравствени услуги се нормално породување без компликации, згрижување новороденче без компликации, респираторни инфекции без компликации, горно респираторни инфекции со воспаление на уво и породување со царски рез без компликации. Просечениот престој на пациентите во болниците на национално ниво бележи континуирано намалување, од 6,2 дена во 2009-та до 5,5 дена за 2013 година. Ова, оцени портпартолот, е една од главните придобивки од воведувањето на ДСГ методологијата.

Просекот на сложеноста на интервенциите бил 1,09 што е благо покачување од 2012-та и покажува зголемена стручност на лекарите.

– Би сакале јавно да ги пофалиме болниците со највисок индекс на сложеност на лекуваните пациенти, Градската општа болница 8 Септември (1,26), Општата болница Прилеп (0,81) и Општата болница Охрид (0,79), истакна Аџигогов.

Општи болници со најнизок индекс, 0,43, е Болницата во Дебар.

За 2013-та, најуспешна болница е ГОБ „8-ми Септмеври“ која во три од петте најбитни категории е лидер.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Клековски: Шест наместо три обиди за ин витро оплодување, на товар на ФЗО

А1он

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница