Вечерите на Шекспир

Од:

„Двојно, двојно мачна работа и проблеми, огну гори и котле вриј“.

Ова се можеби најславните зборови кои Шеспир ги напишал за храната, но не се и единствените. Помеѓу трагичните љубови, лудите кралеви и превртливите дворски поданици, Шекспир спомнувал и храна во секоја од неговите драми. А што јадел самиот Шекспир?

Храната во времето на династијата Тудор била изненадувачки разновидна. Иако сите други членови на дворот јаделе овесна каша и леб, тоа сепак било далеку од неинтересна и здодевна исхрана која можеме да си ја замислиме. Се користеле `ржот, јачменот, овесот како и житото за да се направи далеку поширока палета од облици и вкусови отколку што денес модерните пекари го прават тоа. И благодрание на новите иновации во одгледувањето на животните  и фармерството, посевите од зеленчуци и овошја денес растат подобро отколку било кога порано. „Салет“ листовите како што се киселецот, спанаќот и синапот биле важен дел од исхраната на Тудорови, иако ретко ги јадле сирови. Се верувало дека незготвеното овошје и зеленчук можат да ве разболат.

Во тоа доба, храната била силно поврзана со медицината. Луѓето слепо верувале дека „тоа си според она што го јадеш“, па многу состојки во исхраната на Тудорови имале исто и медицински својства. Ракописите кои биле пишувани за готвењето често имале и медицински инструкции. На пример, „Книгата со рецепти“ на Сара Лонг, која била напишана околу 1610 година, имала три поглавја: „конзервирана“, „зготвена“ и „лековита“. со што јасно ни дава до знаење колку било поврзано „готвењето“ со „лековитоста“.

Но не била само храната ценета заради нејзината медицинска вредност. Пијалаците, како што се пивото, виното и цидерот (ферментација од јаболки) биле исто така пиени и за заздравување. Во тоа време, колерата и другите болести кои се пренесуваат преку водата биле голема опасност, па овие обработени, нискоалкохолни пијалоци често биле побезбедна опција отколку самата вода. Топлите пијалаци, како што се чоколадата, чајот и кафето, дошле во Британија во времето на Шекспир. Стимулативните вредности на овие пијалоци богати со кофеин било добро познато, и нив прво ги пиеле умните кои сакале да останат будни. Но овие пијалоци биле скапи, и биле потребни посебни садови за кафе и чоколадо кои ги немале поголемиот дел од населението, освен побогатите.

Една од најголемите реазлики помеѓу тоа што го јадел Шекспир и модерните луѓе е начинот на кој храната била зачинувана. Во времето на бардот, зачините и слатките многу се користеле, дури и во јадењата со чубрица. Циметот бил неизбежен во пилешко, а не било невообичаено да се користи и црн бибер, млад лук и мед во рецепт за чорба од зајак. Наспроти народните верувања, овие навики за слатко и зачинето не се појавиле како обид за маскирање на расипаната храна, туку заради влијанието на блискоисточната кујна во британската исхрана. Многу подоцна, во 18-иот век, овие навики се смениле и почнавме да правиме солена, кисела или јака по вкус и мирис храна, која денес се уште ја јадеме.

History.com

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ