Косово и Србија не можат да преговараат без посредство на Брисел во дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете земји, изјави косовскиот заменик премиер Едита Тахири.
– Дијалогот меѓу Косово и Србија по моделот без посредник, според мене нема да постигне резултати, бидејќи и во разговорите со посредување многу често ние како Влада за многу прашања моравме да бараме интервенција од Брисел да врши притисок врз Белград за исполнување на договорот, истакна Тахири.
Косовскиот заменик премиер ова го изјави по објавените информации во некои белградски медиуми, во кои е наведено дека Косово и Србија ќе преговараат без посредник.