Началникот на вооружените сили на Гватемала, генерал Руди Ортис и четворица офицери загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на границата со Мексико.
Хеликоптерот се урнал во планински регион во западната провинција Уеуетенанго.
– Генералот Ортис бил во рутинска инспекција на регионот, каде се активни нарко дилери, изјави министерот за одбрана генерал Мануел Лопес.
Хеликоптерот „Бел 206“ привчно се обидел да слета во воена база, но не успеал поради лошото време. Причините за несреќата се уште се истражуваат.