Возачот на Формула 1, Пољакот Роберт Кубица, кој минатата година тешко настрада во рели трка и речиси остана без рака, повторно седна позади воланот и повторно речиси настрада.
Кубица на релито Сан Мартино ди Кастроца, во остра кривина, изгуби контрола над своето Субару. Прво се забил во светлечки столб па потоа во дрво.За среќа, овојпат не го изнесоа од возилото туку одшета потполно неповреден.