Интензивни борби се водат во центарот на Доњецк

Од:

Интензивни борби се водат денеска во центарот на источниот украински град Доњецк, изјави новинар на Ројтерс од местото на настанот, јави БТА.

Според новинарот пет до шест вооружени бунтовници се кријат зад автомобили паркирани пред трговскиот центар и отвараат оган кон друга група на луѓе.

Граѓаните на Доњецк бегаат далеку од штабот на сепаратистите поради пукотниците. Автомобили со вооружени бунтовници се движат брзо по улиците, изјавија новинари на агенцијата.

Претходно денеска од околината на градот се слушаше артилериски оган. Локалните жители изјавија дека тоа е првиот таков напад во регионот.

Во меѓувреме портпаролот на украинската армија, Андриј Лисенко изјави дека седумнаесет мртви тела биле извадени од остатоците од колоната возила со украински бегалци, која вчера беше цел на ракетен напад.

Други шестмина бегалци се сместени во болница, при што тројца од нив се тешко ранети, додаде Лисенко.

Колоната автобуси превезуваше бегалци од источниот град Луганск.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина