Тестовите направени на неодамна пронајдените посмртни остатанки на кралот Ричард Трети, покажаа дека средновековниот монарх сакал да ужива во добра храна како и во добра капка алкохол.
Според резултатите од анализата, пред се обожувал да јаде месо од паун, чапја, но и од лебед. Уживал во вкусовите на доброто вино, а неговата конзумација значајно се зголемила откако станал крал на Англија, пишува Си-Ен-Ен.
Научниците од британскиот Геолошки институт, на неговите посмртни остатанки го мереле нивото на изотопи, вклучувајќи кислород, стронциум, водород и јагленород, а според нивните зборови ваквите анализи на посмртните останки се еднакво точни како и оние правени врз живи луѓе.
Токму ваквите анализи им овозможуваат на научниците и историчарите поблиску да ја запознаат историјата низ животниот тек на секој крал.
Не се знаеше каде е телото на кралот се додека не го открија археолозите од универзитетот во Леичестер во 2012 година, под едно паркиралиште. Го препознале по искривениот рбетен столб и раните на главата, а го идентификуваа со помош на ДНК.
Анализата исто така покажа дека исхраната на Ричард драстично се променила после неговото крунисување во 1483 година.
Ричард Трети, злогласен макијавелистички грбавец од Шекспировата драма, беше последниот англиски монарх кој загина во битката на Босвортското поле крај Леичестер во 1485 година.
Со неговата смрт престана да постои династијата Плантагенет, која владееше 300 години. Со таа битка е ставен крај на 30-годишната борба за власт наречена Војна на Розите.