Апликација која нема да им се допадне на тинејџерите

Од:

Американката Шерон Стендифајрд, на која и здодеало нејзините деца постојано да ја игнорираат кога ќе ги побара на мобилен телефон, создаде апликација која ги принудува неодговорните тинејџери да им се јават на родителите.

Апликацијата „Ignore No More“ (Нема повеќе игнорирање) е достапна за оперативниот систем Андроид и го блокира телефонот на детето, кое може да ги повика само броевите од листата по избор на родителите.

– Ни беше потребна апликација која ќе го блокира нивниот телефон, така што нема да можат целосно да го користат, изјави Стендифајрд.

Инсталираната апликација го блокира телефонот кога детето нема да одговори на повикот на родителите. Тогаш тоа може да ги сврти само броевите од листата кои неговите родители ги избрале, како и итна медицинска помош, пожарникарска служба, полиција…

Откако ќе им се јави на родителите, телефонот на детето самиот се деблокира.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски