Северна Кореја најави контрамерки против воените вежби

Од:

Севернокорејското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Пјонгјанг секоја година ќе презема контрамерки за самоодбрана се додека САД и Јужна Кореја спроведуваат воени вежби насочени против него.

– Ова е сериозна воена провокација на Јужна Кореја и неоправдана криминална акција, која ги загрозува мирот и безбедноста, наведе Министерството.

Севернокорејското Министерство изрази разочараност поради фактот дека американските власти ги нарекуваат американско-јужнокорејските вежби регуларни и дефанзивни.

– Според мислењето на Вашингтон севернокорејските мерки на самоодбрана, вклучувајќи и проби на тактички ракети, претставуваат закана за целиот регион и предизвикуваат сериозна загриженост, порача Министерството, додавајќи дека САД и Јужна Кореја оваа година ќе ја применат својата стратегија на возвраќање.

Министерството предупреди дека примената на оваа стратегија ќе претставува уцена и нуклеарна закана.

САД и Јужна Кореја ги почнаа воените вежби, кои ќе траат 12 дена, а во нив учествуваат неколку десетици илјади јужнокорејски и американски војници. Овие вежби прв пат се одржани во 1976 година и оттогаш се одржуваат секоја година во август и септември.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња