Десетгодишно девојче загина, а 50 лица се повредени денеска во централниот дел на Јужна Кореја, кога една жена со автомобил удри во црква, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во градот Гонгџу, на околу 160 километри јужно од Сеул.
Десетгодишното девојче починало во болница, а 12 лица, меѓу кои има и деца, се потешко повреднеи.
Жената, која ја предизвика несреќата во полицијата изјави дека и откажале сопирачките додека се обидувала да се паркира.