Кинеската компанија „Леново“ соопшти дека продала многу повеќе мобилни телефони отколку компјутери.
„Леново“ изминатиот квартал продал 14,5 милиони компјутери и 15,8 милиони мобилни телефони, покажуваат најновите податоци.
Кинеската компанија најголем дел од своите производи ги пласира на домашниот пазар. „Леново“ продала вкупно 13 милиони мобилни телефони на домашниот пазар, што е над 82 проценти од вкупниот број продадени уреди.