Двајца Севернокорејци пребегаа на Југот пливајќи 2,5 километри

Од:

Двајца Севернокорејци,пливајќи преку морскиот теснец во Жолтото Море,ја преминаа поморската граница меѓу двете соседни земји,бегајќи од Северна во Јужна Кореја.

Министерството за унификација во Сеул соопшти дека станува збир за двајца мажи,едниот на 50,а другиот на 20-годишна возраст.

Двајцата за кои јужнокорејските власти веруваат дека се татко и син,допливале до островот Гијодонгдо,каде биле прифатени од морнарите кои се таму стационирани.

Веднаш по пристигнувањето,тие побарала да остант во Јужна Кореја.Ова е многу редок случај,за бегство од Северот на Југот да се искористи поморскиот пат и тоа со пливање.

Меѓу островот до кој допливаа двајцата бегалци и најблискиот севернокорејски брег има 2,5 километри. Минатиот месец,еден севернокореанец пребегна на Југот,веслајќи во мал чамец.Сите бегалци,изјавуваат дека се одлучиле на бегство,поради силната репресија во Северна Кореја и сиромаштијата во земјата.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња