По Сеул и Пјонгјанг испраќа позитивни сигнали

Од:

По денешното објавување на понудата на јужнокорејанската претседателка за почеток на дијалог со Северна Кореја, кој би довел до први чекори за нормализација на односите на двете држави што го делат Корејанскиот Полуостров, позитивни сигнали дојдоа и од Северна Кореја, овој пат од Џакарта.

Индонезискиот министер за надворешни работи Марти Наталегава, по состанокот со својот севернокорејански колега Ли Су на новинарите им соопшти дека неговиот колега од Пјонгјанг дошол во Џакарта „со многу специфичен, конкретен предлог од нивна страна, што овозможува за него да говориме и со другата страна’’.

Шефот на индонезиската дипломатија одбил да кажа за што се работи, но навести дека предлогот има врска со шестпартитните преговори за откажување на Северна Кореја од производство и употреба на атомско оружје.

Индонезија е една од ретките држави која одржува блиски односи со Северна Кореја. Односите се воспоставени во 1961 година, а своевремено, со голема помпа, Индонезија ја посети поранешниот претседател Ким Ил Сунг.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња