Полициска истрага против двајца француски новинари во Индонезија

Од:

Двајца француски новинари заработија притвор во Индонезија, откако беа уапсени пред една недела додека снимаа репортажа за сепаратистичките бунтовници од провинцијата Папуазија, јави дописникот на МИА од Париз.

Според локалната полиција, новинарите Тома Дандоа и Валентин Бура се осомничени за „антииндонезиска пропаганда“.

Тие пристигнале во Индонезија со туристичка виза за снимање на една репортажа за француско-гермаснкиот тв канал АРТЕ, но на 6 август биле уапсени поради непочитување на законот за имиграција и за вработување.

Портпарлот  на полиција изјави дека постојат сомнежи оти француските новинари вршеле антииндонезиска приопаганда и дека „им помогнале на други лица во извршување предавство“, додавајќи дека истрагата се уште е во тек.

Француската амбасада од Џакарта соопшти дека е во контакт со властите на Индонезија и дека двајца нејизни претставници ќе заминат за Папуазија за конзуларна посета на затворените новинари.

Новинарите биле уапсени во еден хотел во градот Вамена во придружба на тројца припадници на Движењето за слободна Папуазија (ОПМ).

Бунтовниците од ОПМ со годни се борат против индонезиските власт, кои ги обвинуваат дека го екслпоатираат локалното домородно население кое живее во сиромаштија во регион богат со природни ресурси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on