Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо лут по поразот од Севиља, искоментира дека „во овој момент нема тим“. Реал загуби од Севиља со 0:1 и дозволи Барселона по четири кола да стекне предност од осум бода.
„Севиља заслужено победи, во овој момент немам тим, ние одигравме очејно. Ово меч воопшто не се разликуваше од натпреварите против Хетафе и Гранада, единствена е разликата што против Гранада забележавме победа. Нашиот колективен дух воопшто не е на тимско ниво“, рече Португалецот.
Мурињо дополни дека на полувремето бил толку разочаран од пристапот на поедини фудбалери, што сакал од игра да извади седуммина играчи.
„Некои делуваа како по прв пат да играат за Реал. Поединци немаа концентрација, очигледно фудбалот не им е во прв план. Дел од вината е и моја поради тоа што дозволив да се случи вакво нешто“, разочарано констатира Мурињо.