Легија поднесе жалба до УЕФА

Од:

Полскиот фудбалски клуб Легија од Варшава денеска поднесе жалба на одлуката на Европската фудбалска федерација (УЕФА) со која полскиот првак беше исфрлен од баражот за Лигата на шампионите, бидејќи на реванш дуелот од третото квалификациско коло против Селтик во составот имаше суспендиран играч.
Во образложението на челниците на Легија се вели дека нивниот тим на теренот ја заслужи победата над Селтик.

УЕФА ја казни Легија поради настапот на Бартош Березински кој минатата сезона против АПОЕЛ во Лимасол доби црвен картон и беше суспендиран три натпревари. Тој ги пропушти средбите на Легија со Сент Патрик во претходното коло и првиот меч против Селтик за во реваншот во Глазгов да влезе во игра во последните неколку минути. Меѓутоа, УЕФА утврди дека Березански воопшто не бил регистриран за претходната рунда, така што не можел да ја издржува казната, па затоа Легија службено го загуби двомечот со Селтик и наместо во ЛШ ќе треба да игра во Лига Европа.

– Сакаме да ја информира јавноста дека со сите сили ќе се бориме во овој жалбен процес, се вели во соопштението на Легија.

Селтик во баражот за ЛШ ќе игра против словенечкиот Марибор, а Легија ја очекува дуелот со Казахстан Актобе во баражот за Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска