Фудбалерите на Малага го совладаа Леванте со 3:1 во премиерниот меч во 4. коло од Примера и избија на чело на табелата.
Гостите ги начна искусниот Хавиер Савиола, за кого ова беше прв настап во новиот клуб. Мичел изедначи во вториот период, но за потполно славје на домаќините се погрижија Санчез и Солер.