Во седиштето на УЕФА денеска беа одредени двојките за бараж дуелите во Лигата на шампионите.
Тимот на Марибор каде настапува македонскиот репрезентативец Агим Ибраими за противник го доби шкотски Селтик. Шампионот на Шкотска, иако на терен ги загуби двата натпревара од Легиа од Полска доби право да игра откако на полскиот шампион му беше одземена едната победа и доделена на Селтик со службени 3:0. За Легиа настапил играч, кој немал право поради исклучување во претходната сезона.
Двојки за бараж дуелите во Лигата на шампионите:
Марибор – Селтик,
Салцбург – Малме,
Алборг – АПОЕЛ,
Стеауа – Лудогорец,
Слован – БАТЕ,
Бешикташ – Арсенал,
Стандард Лиеж – Зенит,
Копенхаген – Баер Леверкузен,
Лил – Порто и
Наполи – Атлетик Билбао
Термини за одигрување на првите натпревари се 19 или 20.август, а реванш дуелите се закажани за 26 или 27.август.