Новоизбраниот парламентарен состав на на Либија побара итно примирје меѓу завојуваните вооружени групи и надзор од ОН за да се запрат тринеделните судири во кои досега се убиени над 200 луѓе.
Парламентот заседава во Тбрук на исток во државата далеку од местото на престрелките – Триполи и Бенгази.
Завојуваните страни се некогашни сојузници во соборувањето на Гадафи, происламистички бригади од Мисрата и Бригади од Зинтан.
Пратениците синоќа поддржаа предлог за итен прекин на насилствата кој би бил надгледуван од ОН. Други детали засега не се познати. Не е познато ниту дали завојуваните групи ќе ја прифатат одлуката ниту пак, дали ОН ќе прифатат улога за непосредна контрола на примирје, јавуваат западни медиуми.