Зенит помина, Партизан и Динамо елиминирани пред баражот за ЛШ

Од:

Екипата на Зенит не дозволи да се случи изненадување на двомечот со кипарски АЕЛ и во реваншот успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

За разлика од АЕЛ Лимасол, балканските шампиони Динамо Загреб (Хрватска) и Партизан (Србија) и покрај поволните резултати на првите средби, не ја искористија предноста на домашен терен и останаа без пласман во баражот за Лига шампиони, а со тоа и сигурно место во Лига Европа.

Постигнати резултати на синоќешните реванши од 3.коло во квалификациите од елитното фудбалско натпреварување:

Зенит – АЕЛ Лимасол 3:0 (0:1 прв натпревар),
АПОЕЛ – ХЈК Хелсинки 2:0 (2:2),
Малме – Спарта Прага 2:0 (2:4),
Шериф – Слован Братислава 0:0 (1:2),
Бешикташ – Феенорд 3:1 (2:1),
Стеауа – Актобе 2:1 (2:2),
Копенхаген – Днипро 2:0 (0:0),
Салцбург – Карабах 2:0 (1:2),
Селтик – Легија 0:2 (1:4),
Динамо Загреб – Алборг 0:2 (1:0) и
Партизан – Лудогорец 2:2 (0:0).

Резултати од средбите одиграни во вторникот:
Макаби Тел Авив – Марибор 2:2 (2:3 вкупно),
БАТЕ Борисов – Дебрецин 3:1 (3:2),
Панатинаикос – Стандард 1:2 (1:2) и
Лил – Грасхоперс 1:1 (3:1).

Пласман во плеј-офот обезбедија: Зенит, АПОЕЛ, Малме, Слован, Бешикташ, Стеауа, Копенхаген, Салцбург, Легија, Алборг, Лудогорец, Марибор, БАТЕ Борисов, Стандард и Лил.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска