На четири терени вечерва ќе се одиграат првите реванш натпревари од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите.
Со исклучок на дуелот Лил – Грасхоперс на кои француски Лил има предност од првиот дуел и игра на домашен терен на другите три натпревари се очекува поголема неизвесност.
Средбата меѓу Макаби Тел Авив и Марибор ќе се игра во Ларнака на Кипар поради забраната екипите од Израел да играат натпревари на домашен терен.
Двојки за вечерва: БАТЕ Борисов – Дебрецин (0:1 прв натпревар), Макаби Тел Авив – Марибор (0:1), Панатинаикос – Стандард (0:0) и Лил – Грасхоперс (2:0).
Во среда вечер се играат другите 11 реванш натпревари од оваа рунда.
Победниците ќе играат во плеј-оф дуелите за влез во групната фаза.