Претседателот на САД Барак Обама упати приватна порака до премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган од кого побарал да помогне да престане насилството.
Обама разговарал и со лидерите на сите земји во регионот, како и со претседателите на Египет и Либија.
„Претседателот на САД лично побара помош за да престане насилството од премиерот на Турција Ердоган“, објавија од Белата куќа.
Муслиманите протестираат против ставовите изнесени во антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, снимен во САД.