Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо нема да настапи за неговиот тим Реал Мадрид против поранешниот негов клуб Манчестер Јунајтед, иако се опорави од повредата на коленото.
Овој натпревар ќе се одигра вечерва во Мичиген (САД) со почеток во 22 часот по средноевропско време.
Освен на оваа средба за која се најавени 110 илјади гледачи, Португалецот најверојатно нема да игра ниту на дуелот против Севиља во рамките на европскиот Суперкуп закажан за 12 август во Кардиф.
Причината за изоставувањето на Роналдо од составот на Реал Мадрид е неговата нецелосна физичка подготвеност.
На Шампионскиот куп што се игра на американскиот континент по две одиграни кола во А групата Реал ги загуби шансите за пласман во полуфиналето. Има освоено само еден бод и е последен на табелата. Води Манчестер Јунајтед со 5 бодови, Рома и Интер имаат по 3.