Комеморација за сите паднати жртви во Првата светска војна вечер ќе се одржи пред споменикот на паднатите херои за Македонија, спроти Собранието на Република Македонија. Настанот се организира по повод стогодишнината од Првата светска војна.
Во Македонија комеморацијата се организира во соработка со Амбасадата на Република Италија во нашата држава. Предвидено е обраќање на директорот на Воениот музеј Александар Стојчев, а композицијата „Тишина“ ќе ја изведе претставник на Воениот оркестар.
– Комеморацијата по повод стогодишнината од Првата светска војна претставува хуман чин преку кој Македонија заедно со други држави засегнати од оваа војна се вклучува во активностите организирани на меѓународно ниво. Со оваа комеморација, нашата држава дава почит кон паднатите борци и жртвите во Македонија, но и на сите воени и цивилни загуби и страдања во светски рамки, информира Министерството за одбрана.
Во Првата светска војна загинаа повеќе од 10 милиони луѓе.