Продажбата на кинеската „Хуавеј“ е зголемена во првата половина на годината за 19 отсто, на 135,8 милијарди јуани (2,1 милијарда долари), соопштија од таа компанија.
Како што пренесе британскиот јавен сервис БиБиСи, „Хуавеј“ во првите шест месеци традиционално се фокусираше на производство на телекомуникациска опрема, но добивка оствари благодарение на производството на мобилни уреди.
Поради тоа, како што оцени британскиот сервис, сега еден е еден од водечките светски производители на паметни телефони, т.е. смартфони.