Климатските експерти предупредуваат дека мразот на Арктикот се топи со неверојатна брзина, а дебелината во моментов е најмала во последните 30 години, откако се мери преку сателит.
Ова може да има сериозни последици на климата, и најверојатно ќе предизвика екстремно студени зими.
Големите намалувања на површините под мраз ќе влијаат на висинските ветришта, кои „владеат “ со временската состојба во Европа.
Према некои предвидувања Арктикот може да остане без мраз до 2080-та година, а најцрните прогнози, велат дека тоа може да се случи и многу порано.