Мајкрософт Мобајл официјално го претстави Лумиа 530 смартфон, што ќе биде најевтиниот Виндоус фоун 8.1. уред од Лумиа серијата.
Новиот смартфон ќе биде достапен од август годинава по цена од 85 евра. Моделот ќе биде претставен во стандардна и дуал-сим верзија.
Лумиа 530 доаѓа со 4 инчен FWGA екран со 854х480 пиксели резолуција, квад-кор процесор со брзина од 1,2 гигахерци, 512 мегабајти РАМ и 4 ГБ внатрешна меморија со микроСД отвор.
Моделот е опремен со две камери. Една од 5 мегапиксели на задниот дел и камера за веб повици на предниот дел.
Лумиа 530 работи на Виндоус фоун 8.1. оперативен систем.